Димитров: Од правото на македонскиот народ на самоопределување, зависи дали на ЕУ ќе гледаме како на заедница на вредности

61

Никола Димитров на видео-конференциска средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава порача дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, ќе ги заокружи историските успеси на земјата по зеленото светло за отворање на пристапните преговори и членството во НАТО, нагласувајќи дека „вредностите и принципите на Унијата зависат од тоа како ЕУ ќе се постави кон правото на самоопределување на македонскиот народ“.

-Како Европската Унија ќе се постави кон ова прашање – правото на македонскиот народ на самоопределување – ќе влијае врз тоа дали и понатаму ќе можеме на Унијата да гледаме како на заедница на вредности и принципи, изјави Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.