Димитров се сретна со новиот бугарски aмбасадор

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес го прими амбасадорот Ангел Ангелов, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.

Покрај протоколарниот дел, на средбата беа опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, како и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување. Обострана беше оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како добра основа.

Соговорниците ја реафирмираа посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи.

Министерот Димитров, на амбасадорот Ангелов му посака срдечно добредојде и успех во неговиот дипломатски ангажман во насока на понатамошен развој на блиските и пријателски односи и соработка меѓу двете соседни земји.