Димитров: Следниот суштински чекор по патот кон европска Македонија е гласот на 30 септември

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во петокот престојуваше во Охрид во рамките на кампањата за референдумот за промена на името, кога се сретна со градоначалникот Јован Стојановски, а за време на прошетката низ градот се виде и разговараше со граѓани од Охрид и регионот на теми кои се важни за нив.

Како последна активност за време на посетата имаше граѓанска трибина која се одржа во просториите на Општината на град Охрид. Пред пруситните Димитров се осврна на предизвиците со кои се соочуваат охриѓани, а како еден од главните предизвици беше идентификуван проблемот со одливот на
младите од регионот.

„Ова е реален предизвик за Охрид и околината. Младите си одат во потрага за подобар живот, од град со огромен потенцијал. Тоа е нешто што мора да го смениме. Патот до таму не е краток, ниту па лесен и само одговорно и со многу работа ќе стигнеме до целта. Мора да успееме. Важно е да тргнеме по патот, низ вратата, со исправена глава. Следниот суштински чекор по патот кон европска Македонија ќе се случи на 30 септември“, рече меѓу другото министерот Димитров.

Шефот на дипломатитеја се сврна и на економските бенефити од членството НАТО, што според него во голема мера ќе имаат релативно брз позитивен ефект во Охрид и околината, преку развој на
туризмот но со фокус на еколошката одржливост и со внимателно планирање и имплементација на тој азвој, со исклучиво важен акцент ставен на заштитата на животната средина.

Претходно во петокот, исто така, во Охрид Димитров беше домаќин на германскиот министер за Европа Михаел Рот, со кого задно со во Античкиот театар во Охрид како дел од кампњата за референдумот тече дебата на која присуствува и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, заменикот министер за екологија Јани Макрадули, меѓутао како што известија дописниците на оваа трибна посветена на младите и на локација која собира околу три илјади луѓе, предизвикала незначителен интерес кај

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.