Димитров смета дека октомври, сепак, не е сигурен термин за датум за почеток на преговорите со ЕУ

Ако нема датум за преговори во октомври, тоа ќе значи дека не постои европска перспектива – порача од Стокхолм шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Димитров Европскиот совет во октомври уште еднаш кажел „не“, првиот дипломат не ќе имал лице да ги убедува граѓаните за европските перспективи на земјата.

„Жал ми е да го кажам ова, но ако не започнеме преговори со ЕУ годинава, тоа за мене значи дека нема Европска перспектива. И се плашам дека по се што ние направивме во 2 години. Направивме очигледен демократски пресврт, имавме грешки, не сме совршени, но има очигледно движење напред кон Европска либерална демократија. Мислам дека шансите за успех во октомври се навистина заеднички и мислам дека немаме луксуз во денешна Европа да дозволиме да пропадне прилика која консолидира успех, вели Никола Димитров – министер за надворешни работи .

„Ја добивме 10-та препорака за почеток на преговори, ако треба да ја очекуваме и 11-та препорака од ЕК следната година, нема да имам лице да зборувам пред мојот народ за европските перспективи на земјата. Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години“, рече Никола Димитров во Стокхолм.

Амбасадорите од Вишеградската група, пак на Владата и порачаа оти законите не се носат за да стојат на хартија. Ако Македонија сака да продолжи по патот кон Европа реформите мора да се имплементираат, велат дипломатите од Чешка и Словачка. Најважно за нив е владеењето на правото, за кое изразија јасна забелешка.

„Не е доволно ако законите се само на хартија. Друга фаза е имплементацијата на законите и владеењето на правото. Имплементацијата на реформите мора да продолжи“, вели Мирослав Томан – амбасадор на Република Чешка.

„Ниту една земја членка во Советот на Европа не беше против отворање на преговорите. Одложувањето беше повеќе од технички причини. Се уште имате многу работа, но да се надеваме дека во октомври ќе има јасна одлука“, вели амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш.

Инаку, Европската Унија во моментов се соочува со внатрешна реконструкција и има други приоритети пред проширувањето. Новата констелација на европскиот Парламент во кој треба да седнат пратеници на екстремно десничарските партии, остава доза на сомнеж како тие би гласале на Советот во октомври. Од друга страна, се поизвесно е дека на предвремените парламентарни избори во Грција, кои се закажани за 7 јули, ќе победи партијата на Кирјакос Мицотакис – политичарот кој јасно порача дека ќе ги искористи сите механизми да ја блокира земјава на патот кон Европа.

Биљана Божиновска

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.