12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Димитровски: Бучковски обелодени дека зад образовниот концепт на Царовска стои промената на учебниците

Во денешното издание на „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, гостуваше новинарот Предраг Димитровски, кој во врска со договорот со Бугарија истакна дека специјалниот претставник за преговорите со Софија, Владо Бучковски, ја обелоденил вистината дека зад образовниот концепт на министерката за образование и наука Мила Царовска стои промена на учебниците, по што веќе тоа е договорено, прашањето е сега во суштината на промените.

„Од специјалниот претставник со Бугарија професорот Бучковски стигна една чудна порака во која на извесен начин не подготвува за нешто кое треба го очекуваме, или како што тој вели на прв поглед можеби ќе изгледаат како преголеми отстапки, но е убеден дека ќе има добра основа за компромис, а што ќе бидат тие преголеми отстапки за мене е невкусно затоа што му доаѓа како подготвување на терен кој најблаго речено никој не е подготвен да го слушне, а се подготвува зад завесата“, истакна Димитровски.

Посочи дека она што паѓа во очи е новокомпонираното бугарско-албанско братство, значи рекомпонирање на македонизмот или псоред зборовите на Бујар Османи расчистување на остатоците од минатото.

„Зад завесите се случуваат крупни работи “, смета Димитровски.

Појасни дека зад неработењето на заедничката историска комисија се оправдуваа дека е заради парламентарните избори, како и дека тоа траело до контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, иако потоа релативизирал, но тоа било наменето за бугарска употреба.

„Тоа значи дека тој свесно ја манипулирал бугарската јавност, потоа се повлече од одредени изјави, но кога станува збор за Заев не се знае кога збори вистина, кога неж“, рече Димитровски.

„Бучковски ја откри вистината на целиот концепт на промена на учебниците каде во заднина стои договорот со Бугарија, сите обиди на министерката Царовска за оградување на образовниот концепт од договорот со Бугарија паѓаат во вода, па бугарските претставници рекоа кога можат да се менуваат учебниците за албанците, можат и за Бугарија“, појасни Димитровски.

Оцени дека прашањето не е дали ќе се променат или не учебниците, зашто тоа според Димитровски е веќе договорено, туку во суштината на промените во учебниците и од тоа што досега може да се забележи според Бучковски треба да бидат сменети според „европски вредности“, а оти не може да се сфати што се подразбира под оваа синтагма.