Димитровски: Славењето на СДСМ во Штип е морбидно кога дневно има по 20 до 30 починати

Потребата да се манифестира тримфализам е очигледно, но од кои причини навистина не ми е јасно, зато ашто според мене овие избори во Штип и Пласница беа тотално не потребни посебни во вакви услови на светска пандемија, вели новинарот Предраг Димитровски, во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Според Димитровски, морбидно е славењето на СДСМ во Штип, поготово во време кога Македонија секојдневно има по 20 до 30 жртви починати од корона вирус.

Во време кога се зборува на 20, 30 жртви од ковид вирусот ти да славиш некаква победа според мене ги надминува границите на норманото и влегува во морбидно нешто, рече тој.

Во однос на немањето на кворум на владејачкото мнозинство во собранието, Димитровски вели дека тоа било сосема очекувано уште со објавување на самите резултати од предвремените парламентарни избори.

Дека ќе има проблеми со функционирањето на собранието беше јасно уште со објавување на самите резултати. Така што ова не треба никој ниту да изненадува, ниту да чуди. Агресијата произлегува од тоа што не можат да го реализираат како планови онака како што очекувале. Е сега работа на опозицијата е како ќе игра понатму, нејзино право е да ги одбира сите демократски методи и средства за да дојде до израз тоа што го нуди како алтернатива или како консензус по одредени политички прашања. На крајот на краиштата до сега праксата во собранието покажа дека кога станува збор за одредени прашања од јавен интерес, опозицијата беше максимално констуктивна, дури би рекол и на сопстевана штета во одредени моменти.