Димитровски: Заев ги демантира пропагандистите – „Рекет“ е чист рекет!

Заев ги демантира пропагандистите“, пишува во статустот на Фејсбук познатиот новинар и до неодамна главен уредник на „Фокус“, Зоран Димитровски, како коментар на текстот од денешното судење за случајот „Рекет“ објавен во СДК.мк „Ги видов доказите Боки, ова е чист рекет, одговорил заев на барањето за средба од обвинетиот во „Рекет“.

„Просто е неверојатно како една цела подземна политичка машинерија која наводно сака да му помогне на СДСМ во случајот Рекет, со месеци шири пропаганда дека не станува збор за рекет туку за поткуп. Денешното рочиште на случајот Рекет е класичен демант на таа подземна пропагандна кампања. Според СМС пораката на Заев до Боки 13, лидерот на СДСМ една недела пред да пријави во Обвинителството, му пишува дека видел докази дека во прашање е чист рекет, што според Заев е грозно“!

„Мислам дека погрозна од доказите е мантрата дека во прашање е поткуп“, констатира Димитровски.