Димков до Владата: Успеавте Македонија да ја направите светски првак во загаден воздух

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Трајче Димков. Тој кажа владата на СДСМ единствено успеала да ја направи државата светски првак во загадувањето на воздухот. Димков истакна дека тоа е резултат на неработењето и несериозноста на СДСМ во поглед на оваа тема.

-Единствено што успеавте како влада во овој неколку годишен период барем во нешто да ја направите Македонија светски првак, а тоа е во делот на загадениот воздух. Тоа е врз основа на вашите политики односно неполитики, проекти, програми и т.н. потенцираше Димков.

Димков додаде дека СДСМ пред да дојде на власт ветувала брда и долини на граѓаните во делот на загадувањето но дека ништо од тоа не е исполнето и дека единствено нешто што направила оваа влада е што ги изманипулирала граѓаните со своите лажни ветувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.