Димков: Со разрешувањето на Мизрахи се крши принципот на пржинскиот договор

Во вечерашната емисија „Што не е Јасно” на Алфа Телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајче Димков изјави дека со разрешувањето на Рашела Мизрахи од министерството за труд и социјална политика се нарушува принципот на пржинскиот договор.

-Уште едно самоволие на СДСМ, апсолутно е прекршен деловникот и протоколот на пржинскиот договор. Апсолутно СДСМ најпрво се уплашија од еден друг задскриен момент кој според изјавите во медиумите дека се појавиле некои неправилности во работењето на Мила Царовска. Дали од тоа се плашеа СДСМ? Бидејќи да беше внатре Рашела ќе разоткриеше и многу други работи во работењето на Мила Царовска па затоа се уплашени- нагласи Димков.

Димков смета дека токму поради тоа што Мила Царовска е во повисоките структури во СДСМ со цел да ја заштитат Царовска е тргната Рашела Мизрахи од министерството за труд и социјална политика.

-Затоа во 4 часот сабајле ја разрешуваа Рашела, токму поради страв, тоа е причината, а за среќа моја уште колку табли ги има како Република Македонија по министерствата и дали сите тие треба да се разрешет? Ова е нечесно и самоволие од страна на СДСМ-заклучи Димков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.