Димовска: На Македонија не ѝ потребен уште еден „15-ти септември“ на СДСМ

Власта на СДСМ не смее да ги разочарува граѓаните и да си поигрува со ветувањата, на Македонија не ѝ треба нов 15-ти септември, изјави во саботата Анета Димовска од ВМРО-ДПМНЕ посочувајжи дека вчерашното презентирање на предлогот за ребаланс на Буџетот од стрнаа на премиерот Зоран Заев претставува уште една лага и уште еден мандат на СДСМ изгубен во кражби, манипулации и згрижување на партиски послушници на товар на граѓаните што ќе ја врати земјата назад во 1990-те.

„СДС и Зоран Заев ветуваа раст на економијата од 5 до 7 отсто на годишно ниво. СДС и Зоран Заев ветуваа дека имале решенија и проекти како да ги постигнат овие стапки на раст потценувајќи го привлекувањето на странските инвестиции и другите проекти кои се спроведуваа од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои отворија стотици илјади работни места и придонесоа за севкупен напредок на она што е економски раст и развој на Република Македонија, во исто време овозможија проектиран раст за 2017-та година од 3 отсто“, потсети Димовска.

Според неа, Заев во предложениот ребаланс наместо да го зголеми проектираниот раст, на ниво на она што беше ветување, тој го намали.

„Владата на Зоран Заев смета дека може да оствари раст од само 2,2 или 0,8 процентни поени помалку од растот што го проектиравме ние или тоа е за цели 25 отсто помалку“, предочи Димовска.

Посочи, исто така, дека премиерот Заев најавуваше зголемување на капиталните инвестиции, а со предложениот ребаланс значи дека тие се скусени за 3 милијарди денари. Станува збор, како што оцени Димовска, за цели 50 милиони евра помалку за капитални инвестиции од проекциите кои ги имаше владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„А, сево ова е резултат на немањето визија, но и на тенденциозното блокирање на сите проекти отпочнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од автопати и водоводи, па се до изградбата на Клиничкиот центар“, констатираше Димовска.

Рече дека ваквите најави од премиерот укажуваат на тоа дека се потврдуваат стравувањата дека владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска.

„СДС и Заев единствено што знаат и умеат е деструкција, криза и евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните“, обвини претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Како илустрација, Димовска запраша како Владата на СДСМ со недоволни 2 милиона евра релоцирани во ребалансот за поддршка за домашните мали и средни претпријатија ќе го изедначи нивниот статус со странските инвеститори?

Потести и на нзадоволството од земјоделците коешто е пред кулминација, а откупните цени СДСМ во предлогот за ребаланс на Буџетот има намера да ги решава со релоцирање на 1,3 милиони евра.

„Трагично изгледаат и проекциите за реалоцирање на 500.000 евра за локални и селски патишта кои во предизборието, Заев ја критикуваше ваквата и оваа политика, ветувајќи изградба на нови 500 километри автопат“, рече Димовска.

Според неа, нема ниту никакво оправдување во обидот да ги намалат проекциите на очекуваните приходи во Буџетот, затоа што како истакна, доколку не била политичакта киза којашто „свесно ја креираа“ и доколку социјалдеморкатите имале поспособен и попрофесионален кадар, како и доколку намеле намера за „катастрофално покачување“ на даноците, до ваквата ситуација немало да дојде.

„Зголемувањето на даноците и воведување на прогресивна стапка на данок, само ќе ја зголеми даночната евазија, ќе ја стимулира сивата економија и ќе премисли многу инвеститори од земјата и странство кои решиле да инвестираат во Македонија, да ги однесат своите инвестиции во други држави“, рече Димовска.

Порача дека власта треба „да се фати за работа“, бидејќи од нивните манипулации и од нивното креирање хаос никој нема полза, како и дека ВМРО-ДПМНЕ сериозно и детално ќе го анализира предложениот ребаланс и во собраниска процедура ќе предложи амандмани кои се од полза на граѓаните.