Димовски дефинитивно е претседател на ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека жалбата на поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски за упис во Централниот регистар е одбиена како неоснована.

Со тоа, според ССМ, е ставен крај на „обидите за манипулација на јавноста и на работниците“ и уписот на сегашниот претседател Дарко Димовски нвеќе не е спорен.

Кон крајот на август, поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, кој пред 3 години беше сменет од функцијата, соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба за челната позиција во ССМ. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на Сојузот на синдикатите.

Истиот ден, Димовски изјави дека судската одлука е да се врати назад на разгледување жалбата на Живко Митревски во Второстепената комисија, а не тој да се врати како претседател на ССМ.