Димовски: До 2017 година ќе бидат исплатени нови 590 милиони евра за земјоделците

До 2017 година ќе бидат исплатени нови 590 милиони евра како субвенции за земјоделството, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, за време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија.

За следниот период до 2017 година земјоделците треба да очекуваат 590 милиони евра, средства за покривање на дел од трошоците во земјоделското производство. Значи 140 милиони евра за оваа година и 150 милиони евра за 2015, 2016 и 2017 година, истакна тој, додавајќи дека во ниту една мерка нема да има опаѓање на предвидената сума за субвенции, туку, како што посочи ќе има зголемување.

Во програмата осебено се внимавало на оние земјоделски производи кои се извозно ориентирани, како и на преработувачкиот сектор.

„Сакам да напоменам дека не се случило до сега некому кој поднел добра апликација и документација, со веродостојни документи, да не му биде извршена исплатата и секако доколку ги има подмирено сите обврски кон државата,“ истакна Димовски.

Тој истакна и дека е проширено вкупното земјоделско обработливо земјиште и целото што било во функција како државно земјиште, односно околу 68 илјади хектари е распределено на 7.700 земјоделци, кои сакаат професионално да се занимаваат со земјоделство.

„Го зголемивме вкупниот обем на земјоделско производство 720 милиони, и врз основ на тоа го зголемивме за над 100 проценти споредено со 2006 година извозот на македонски замјоделски производи, 500 милиони евра 2013 година за разлика од 242 милиони евра во 2006 година,“ истакна Димовски.

Замјоделството, како што нагласи тој, учествува со сосема солиден процент во вкупниот извоз на македонски производи.

Димовски нагласи дека има и најави за инвестиции во преработувачкиот сектор, нагласувајќи дека последна таква инвестиција е од компанија од Дубаи, која што инвестира во откупно-преработувачки центар во Ресен.

Повеќе од гостувањето на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димовски во вестите на Сител, погледнете во видеото во продолжение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.