Димовски до властa: Направивте голема беља, време е за одговорност!

Фејсбук објава на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ:

Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме.
Направивте голема БЕЉА.
Сега е време за ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ.
Велевте ова е патеката.
Велевте Договор со Бугарија ги затвара сите прашања.
Велевте Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач.
Велевте дека не се чепка во македонскиот идентитет.
Велевте дека македонскиот јазик ни е бетон.
Велевте нема да се чепка во Уставот.
Велевте дека уште името и се ќе биде лесно.
Велевте дека за блокадите Македонија е сама крива.
Велевте дека Грција и Бугарија ќе не внесат во ЕУ.
Велевте претходната Влада свесно ја држи Македонија под блокада.
Велевте “се е тоа во глава на вмровците”.
Велевте дека вие знаете да не однесете во Брисел.
Бевте/и сте неуки на балкански историски теми.
Бевте/и сте неискусни да работите со вистински предизвици.
Бевте/и сте арогантни кога ви се велеше дека грешите.
Бевте/и сте фантазери мислејќи дека само вас ве чекаат во Европа.
Бевте/и сте без чуство за проблемите што ги предизвикавте на државата и на многу луѓе поединечно.
Ги потрошивте најсилните аргументи и позиции што ги имаше Република Македонија
за да денес,
после 5 години криза,
протести,
политичко обвинителство,
фабрикувани судски предмети,
напади,
кршење,
закани,
тепачки,
менување име,
нарушување идентитет,
да ни го кажете тоа што ви беше кажувано пред 5 години.
Затоа, ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ!