Димовски: Источна Македонија ќе добие централна Клиничка болница

источна

Изградбата на оваа болница чини 37 милиони евра и се предвидени дополнителни средства за опремување и апаратура. Станува збор за апаратура која ќе се набави за оваа болница, но и за цела источна Македонија, односно 407 медицински апарати. На овој начин драстично ќе се подобри здравствениот третман на граѓаните. Ова е проект кој граѓаните го гледаат, не е празно ветување, вели Димовски.

Тој додаде дека во изминатиот период во Штип се вработени над 80 доктори, а голем дел од досегашниот и новиот кадар се упатени на едукации во странство и на специјализации.

Вкупниот број на нововработени доктори во цела источна Македонија е околу 200 што значи онаа дупка што се создаде заради проблемите со раководење на здравството на СДСМ, полека се пополни и ќе успееме да имаме специјалисти во сите поголеми здравствени установи, потенцираше Димовски.

Носителот на ВМРО-ДПМНЕ во тројката додаде дека и во идниот период ќе продолжи драстично да се намалува цената на лековите кои досега во 10 наврати се намалени. Во програмата „Реално“ воедно предвидено е и носење на специјален закон за лекарската служба со кој на сите доктори и целиот медицински персонал ќе им се овозможи исполнување на барањата околу нивната работа, статус, како и безбедноста во работата.