Димовски: Измените на законот за виното се нова уцена за лозарите

На денешната собраниска комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство пратеникот од пратеничкта групна на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата, Љупчо Димовски истакна дека новите измени на законот за виното претставуваат нова уцена за лозарите.

– Шестата измена според мене е катастрофална и ова е едно непријатна работа за лозаропроизводителите и еден нов суптилен притисок преку тоа што се овозможува во лоши години виното да се зајакнува со додавање на шеќер односно да се покачуааат шекерните единици на грозјето. Ова до сега беше со закон забрането, сега овозможуваме една повластена ситуација на винарските визби. Прво да го уништат брендот на македонското вино, затоа што не дај боже тоа да добие пошироки димензии и директно ќе го наруши угледот на македонското видно, истака Димовски.

Тој додаде дека бреднот на македонските вина треба да се зголемува и шири, а не со овој предлог закон да го го уништиме.

– Во оваа криза со поткупот, со потценување на лозаропроизводителите најмалку беше потребен да се предложи овој закон току со оваа шеста измена во дело на предлогот за користење на сахароза во производството на вино. Многу е стручно прашањето јас не се осмелувам да го коментирам затоа што многу е тешко само со стурчни лциа може да се разговара, додаде тој .

Димовски на крајот истака дека овие измени носат разик за иднината за лозаропроизводителите во Македонија.