Формирањето на новиот Универзитет „Дамјан Груев“ ќе биде одговор на многу проблеми кои што ги имаат илјадници и илјадници студенти и студентки на досегашните факултети. Можеби тоа нема да е единствен начин како да се надминат проблемите, но не разбираме како СДСМ упорно се спротивставува на нашата идеја да ги рушиме монополите во високото образование, рече на денешната пресконференција Илија Димовски, Координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Формирањето на новиот Универзитет „Дамјан Груев“ ќе биде одговор на многу проблеми кои што ги имаат илјадници и илјадници студенти и студентки на досегашните факултети. Можеби тоа нема да е единствен начин како да се надминат проблемите, но не разбираме како СДСМ упорно се спротивставува на нашата идеја да ги рушиме монополите во високото образование, рече на денешната пресконференција Илија Димовски, Координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавната тајна дека на дел од факултетите во Скопје и дел од професорите во Скопје, постои чување на монополот, чување на фамилијарните релации и потврдената фактичка состојба со акцијата на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи со која што беа уапсени видни професори од Економскиот факултет во Скопје ни дава право да кажеме дека дискусијата и дебатата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу новиот Универзитет „Дамјан Груев“ се сведува на дискусија и дебата дали во Република Македонија треба да го заштитиме монополот на поедини факултети и поедни професори како што се залага СДСМ или пак треба да дозволиме да ја стимулираме и да ја помогнеме конкуренцијата за која што се залага ВМРО-ДПМНЕ.
Формирањето на новиот Универзитет „Дамјан Груев“ ќе биде одговор на многу проблеми кои што ги имаат илјадници и илјадници студенти и студентки на досегашните факултети. Можеби тоа нема да е единствен начин како да се надминат проблемите, но не разбираме како СДСМ упорно се спротивставува на нашата идеја да ги рушиме монополите во високото образование.
Ние мислиме дека концептот на конкурентност може да создаде само нови вредности. При градењето на таа конкурентност секако ќе има и проблеми и предизвици, но самиот натпревар помеѓу универзитетите ќе биде доволна причина тие да имаат желба да бидат се подобри и да запишуваат се повеќе студенти кај себе.
Фактот дека зад Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе стои државата со целиот свој капацитет, создава гаранција дека овој универзитет ќе биде квалитативно конкурентен исто онака како што се надеваме дека квалитативно конкурентен ќе биде и Универзитетот „Мајка Тереза“ за кој што пред шест месеци исто така донесовме одлука да биде формиран.
Не се согласувам со тезата дека ова се носи набрзина. Сакам да потенцирам дека дебатата околу формирањето на новиот Универзитет „Дамјан Груев“ во ова Собрание трае повеќе од 100 дена. Таа дебата континуирано и секојдневно паралено со седницата на Собрание се случуваше на Комисијата за образование, наука и спорт. На таа дебата беа изнесени покрај многуте неважни и политички празни дискусии, имаше и дискусии во кои што беа изнесени стотици и стотици аргументи за и против гласањето за основање на нов државен универзитет во Скопје. Затоа мислам дека оваа тема е апсолвирана и Собранието со целосен легитимитет и легалитет има право да ја донесе конечната одлука дали ќе биде формиран или нема да биде формиран новиот Универзитет „Дамјан Груев“.