Димовски: Македонија има свои интереси, своја политика и своја иднина

Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има свои интереси, своја политика и своја иднина.

„Да сум Бугарин кој има сериозна агенда и намера да го заврши она што неговите предци не успеале во Првата и Втората Балканска војна, со Букурешкиот договор, а потоа и со Втората светска војна, да ја имам Македонија под свое, секако и јас би бил сериозно заинтересиран да имам вакви вазали на Власт, какви што се сегашниве во Република Македонија. Станишев, Бојко, Ковачев и Каракачанов да ги бираа, немаше до толку да им се погодат. Синкир, навистина тешко е да се најдат вакви апологети, вазали и безрбетници, какви што се овие за кои Станишев гори од желба да останат на власт.
Но, јас сум Македонец. Не најголем, но доволно голем, за да им кажам дека Македонија има народ кој си ја сака татковината, дека не се сите како тие што ги посакуваат.
Македонија има свои интереси, своја политика и своја иднина. Таа иднина, неспорно е дека во Европското семејство, рамноправна со другите држави, но исклучиво како суверена, самостојна и независна држава, со своите суштински елементи – Македонски народ, Македонски јазик и идентитет, Македонска култура, фолклор и традиција и Македонска историја, со своја силна економија, ценето образование, високо развиен здравствен и социјален систем, професионална полиција и добро обучена армија, почитување на правото и еднаквост пред правосудните органи. Всушност, ова треба да биде и националната стратегија, за која мораме да изградиме консензус и никогаш, ниту една политичка партија или политичар, да не смеат да отстапат од неа.
Се друго, спротивно на ова, е само одработување и реализирање на туѓи интереси, без разлика дали се работи за големо-бугарски, големо-албански, велико-српски или мегало-грчки. И, седење во скут на едните или на другите, или пак на сите истовремено“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.