Димовски: На ВМРО-ДПМНЕ најмногу му одговара да има датум за преговори со Брисе

Ако се надеваме дека ќе добиеме датум за преговори со Бриел сега нема да добиеме, рече Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на 1тв.

-Минатата година имаше три земји против проширувањето, сега има пет против проширување на ЕУ и за тоа да влезат земји од Балканот како Македонија. Тоа не е ново, тоа трае откако влегоа Бугарија и Романија кои не се позитивно искуство за ЕУ, рече Димовски.

Пратеникот укажа дека живееме во една еуфорија поради промената на власта, додавајќи „да не се разбереме погрешно јас сакам и ВМРО-ДПМНЕ сака да добиеме датум за преговори со ЕУ зошто многу е направено во период на владата на ВМРО-ДПМНЕ, првата препорака за преговори со Брисел е добиена во време на ВМРО-ДПМНЕ“.

Од друг аспект, рече Димовски, гледаме злоупотреба на системот и токму затоа на ВМРО-ДПМНЕ му одговара датум, бидејќи во преговорите се стартува со поглавјата 23 и 24, односно за владеење на правото. -Старт на преговорите најмногу му одговара на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа му одговара на ВМРО-ДПМНЕ најмногу зошто ќе се стави крај на самоволието кое постои во Македонија. На оваа нефункционална власт со датум за преговори со Брисел ќе и се стави крај, има целосна некоординација од секој аспект, рече Димовски. Според него реалноста вели дека Германија за прв пат вика чекајте ќе разговараме во октомври, а тоа е држава која помагаше и за Договорот. -Нема атмосфера дека ќе има датум, нема атмосфера дека се е одлично, и притоа не може да гледате што кажува Јункер кој заминува од функцијата, додаде Димовски.

Пратеникот категорично укажа дека Македонија плати голема жртва со Договорот од Преспа, а владата не успеа да има датум за преговори со ЕУ.

-Ние и кога нема да го добиеме датумот за преговори ќе ги добиеме и најдобрите зборови за Македонија, и формулацијата на Европскиот совет ќе биде најдобра. Но, граѓаните од оваа власт очекуваа дека ќе испорача датум за преговори. Владата постигна договор со Грција, но тој е многу неповолен. Владата не успеа да договори дека Договорот ќе се применува во одреден момент, а не одма како што е случајот, рече Димовски.