Димовски: Не Мизрахи, цела Влада на СДСМ го прекрши Преспанскиот во полза на Грција

Не Рашела Мизрахи, СДСМ и цела Влада го прекршија Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во очи на гласањето за разрешувањето на министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи која наводно го прекршила договорот со Грција. Димовски го прочита и членот од Преспанскиот договор со кој се уредува кога македонската држава за внатрешна употреба треба да го користи новото име на државата.

-Предлагам првата точка да се симне од ред. Ќе образложам зошто. Затоа што госпоѓата Рашела Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор и го нема прекршено уставот на РМ. Напротив господинот Оливер Спасовски и минситрите од СДСМ го имаат прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција. Ќе ви прочитам зошто. Член 10 точка Б вели, „политичкиот преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали“ како таблата во министерството „кои се исклучиво за внатрешна употреба на втората страна“, како таблата на министерството „издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1 став 3 ќе започне при отварање на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од 5 години од тогаш“. Кога ќе се отвори поглавјето со Европската Унија. Поглавјето за труд и социјална политика не е отворено. Не отворено ни поглавјето за внатрешни работи, но вие господине Спшасовски сте го прекршилче Преспанскиот договор во полза на Грција. МВР за документите кои што ги издава за граѓаните на Република Македонија го прекршило Преспанскито договор во полза на Грција. Она „Северномакедонска кујна“ кое го стави министерството за земјоделие е прекршување на преспанскиот договор во полза на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.