Димовски: Се надевам дека трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ нема да остане без завршница како несреќите во Тетово и Ласкари

Се надевам дека случајот со трагичната автобуската несреќа во соседна Бугарија нема да заврши како што заврши случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово и случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци кој, исто така, се одолговлекува нема никаква финална разрешница, рече Илија Димовски во централниот дневник на Сител телевизија во петокот вечерта.

Рече дека два дена ги гледавме македонските обвинители во Бугарија, а воопшто се ненадлежни за трагедијата со македонскиот туристички автобус којашто се случи во соседната земја,

„Во тие два дена односно четири дена којзнае што сѐ се има случено со документацијата, архивата, телефоните, компјутерите којашто ова не е една компанија туку очигледно шест компании врзани под различни наслови како „Беса транс“ ДОО, „Беса транс“ ДООЕЛ, „Беса транс“, БТД итн. бугарија уште првиот ден го приведе човекот кој што пишуваше недолични коментари, а Македонија се уште нема започнато никакви постапки. Бугарија вчера нареди комплетна инспекција на сите магистрали и на сите автопати во Бугарија, нам денеска ни се случи сообраќајна несреќа пред Охрид на оној пат кој што одголен од двете страни и никој воопшто не води сметка за тоа“, истакна Димовски.

Запраша дали власта ги преземаше барем сличните дејствија како што реагираше Бугарија.

„Дојдовме во момент за жал да се надеваме дека можеби оваа истрага ќе биде точна и прецизна, заради тоа што ќе ја води бугарското обвинителство. Заради тоа што комплетна неодговорност имаме од нашите државни институции. 135 пати нерегистриран автобус за меѓународен сообраќај да ги мине државните граници, не се двајца цариници виновни, не може двајца цариници да одговараат за тоа. Тоа е корумпирана држава, распадната држава, нефункционална држава. Очигледно дека институциите основните работи не си ги обавуваат“, заклучи Димовски.

Додаде дека со внимание ја следи оваа тема заради тоа што за жал многу е непријатно, во три вакви инциденти во последната година, година ипол или неколку години по инцидентот во Ласкарци Македонија изгуби 70-тина животи, кои што ни ти мораше, а ниту смееше да ги изгуби.

„Не требаше Македонија тие животи да ги изгуби. Во тој аспект третманот на сите три случаи е ист, се подава од една институција до друга институција одговорност, Царината вели МВР е надлежно и виновно, МВР вика Инспекторатот за транспорт бил надлежен, Инспекторатот за транспорт префрла на сосема некоја друга институција. И на крај се се сведува на факти дека ниту шоферите биле вработени во компанијата, дека ниту автобусот бил регистриран односно имал лиценца, 135 пати ја поминал границата. „Или не бил побаран документ на граница на автобусот, или сето тоа си функционира така системски долго време“, рече Димовски.

Запраша кој може да потврди дека токму компанијата „Беса травел“ или како да се викала, дека нејзиното појавување на граница не значи слободен премин преку граничниот премин.

„Кој може да гарантира за тоа? Ова е сериозна работа, затоа што три држави се инволвирани во оваа ситуација“, рече Димовски.

Изрази надеж дека случајот нема да заврши како што заврши случајот со модуларната болница во Тетово и случајот со Ласкарци кој што се тегне, а нема никаква финална разрешница.

„Неносењето политичка одговорност и неносењето морална одговорност во вакви ситуации нас не остава во комотна ситуација никој да не се грижи во другите сегменти од живеење, појасни Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.