Димовски: Склучен договор за изградба на автопатот Штип-Кочани, Истокот не е заборавен

Дали паметите една политичка партија која ветуваше изградба на пруга кон Република Бугарија, ветуваше враќање на парите од пропаднатите штедилници ТАТ, вработување по еден член од секое семејство, градење на автопати, таквата партија се вика СДСМ која со децении наназад го заборави Истокот на Македонија и вложуваше секогаш повеќе во Западниот дел на нашата земја, но тоа во иднина нема да биде така, изјави Илија Димовски носител на ИЕ 3, вечерва во Делчево.

Во источна Македонија за прв пат се градат нови големи инфраструктирни проекти, со овие проекти ние исправаме историска неправда нанесена од страна на СДСМ во минатото. Во Западна Македонија имало повеќе градење на патишта, во Источна Македонија немало, Во Западна Македонија имало повеќе универзитети, во Источна немало, исто така и во Западна Македонија од секогаш имало повеќе клинички центри, додека во Источна немало и затоа сега е време да направиме промени, потенцираше Димовски.

-Дополнително имам задоволство денес да споделам дека државата склучи договор со фирма за отпочнување на изградба на автопатот Штип-Кочани, дополнително ќе се гради и експресен пат од Штип-Радовиш, а со ова ќе се исправат нанесената историска неправда нанесена од страна на СДСМ. Во Западна Македонија имаме две клинички болници, а во иднина ќе има и нова болница во Источна Македонија и ќе докажеме дека и Истокот не е заборавен. Дополнително почнувањето на универзитетот во Штип значеше и да не ги загубиме нашите студенти и да ни студираат надвор од Македонија, а со овој универзитет тие имаат можност да плаќаат многу помала партиципација за студирањето, истакна Димовски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.