Димовски: Со овие стихови од Блаже Конески, Ципрас го поддржа СДСМ

Со овие стихови од Блаже Конески, Ципрас го поддржа СДСМ:

“Уште рика истата мака во мене
дека сум роден во смачкано племе
сејач на глуво семе”

Само мене ми стои дека човекот се зеза и со СДСМ и со сите нас?

Зошто баш овие стихови?
Кое е смачканото племе?
Кој е сејач на глуво семе?

П.С. Грција е сериозна држава кога станува збор за своите национални интереси.
П.П.С. Блаже Конески има прекрасна поезија, но овие стихови не се случајно избрани.
П.П.П.С. Да се гордееш на оваа поддршка и да не разбереш што носи пораката значи дека треба да си или анационален или дека не разбираш да читаш.