Димовски: Стопирањето на трите автопата ја покажува неспособноста на СДСМ за менаџирање со големи капитални проекти

Гоце Димовски на денешната трибина „Отворено со Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива по тоа што реализирала проекти кои се за доброто на граѓаните на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ контиунирано инвестираше во инфраструктурата. Пред се, во патната, комуналната, станбената и останатите инфраструктури“, рече Димовски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период има изградено и реконструирано над 500 километри регионална патна мрежа.

„Во изминатиов период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да реализира, да изгради и реконструира над 700 локална патна мрежа, што,сепак, претставува една бројка во однос на тоа како сме биле претходно. Исто така, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да изгради и одредени автопатски делници, како што е автопатската делница Табановце – Куманово, успеа да ја заврши реконструкцијата на Велес – Катланово и Катланово – Велес. А воедно, многу суштинско и важно во однос на патната инсфраструктура е започнувањето на трите капитални проекти со кои слободно може да се гордее ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија“, истакна Димовски.

Појасни дека станува збор за автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

„Меѓутоа, односнот на СДС кон овие капитални, инстфраструктурни, големи проекти кои се пред се бенефитни за развојот на Република Македонија се стопирани од нивна страна. Стопирани се со еден вид банални изговори, а тие банални изговори го потврдуваат нивното незнаење, нивната нестручност и неможноста да менаџираат големи инсфраструктурни проекти кои се бенефитни за Република Македонија“, посочи Димовски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.