Димовски: Владата е обврзана да обезбеди терминали за отисок од прст и затоа треба веднаш да почне постапка за набавката

Владате нама што да чека да дојде јуни за да заземе став, затоа што има Изборен законик кој е донесен во февруари екламативно во собранието и тој е обрзувачки. Во него е наведено дека треба да се набават такви уреди за читање на отисоците на прстите“, вели Љупчо Димовски претседателот на Социјалистичката партија која е дел од коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски во централниот Дневник на Сител телевизија кажа дека терминалите за отисоци од прст се потребни затоа што сама така ќе се спречи злоупотрени на избирачкото право на граѓаните.

„Тие фингерпринтови се потребни, прво дека ќе се гарантира дека тој граѓанин кој што гласа е навистина лицето кое што се легитимира. И второ да ја исклучи можноста некое друго лице на неколку избирачки места да гласа“, реле Димовски.

Од тие причини, потенцираше поранешниот министер, фингерпринтот е предвиден во Изборниот законик и тој е обврска на владата, а со оглед на тоа дека станува збор за техничка работа, добро е уште сега да се започне со постапката за набавка на тие фингер принт апарати, за да можеме да ги спроведеме изборите на есен на начин на кој што е предвиден со закон.

Димовски оцени дека доколку не бидат набавент фингерпринт терминалите кои се законска обврска, не само тие туку ќе се јават и други партии, како на пример опозиционите партии од албанскиот политички блок, кои јасно кажаа дека нема да ги признаат и прифатат изборните резултати.

Исто така, Димовски ја отвори и темата за изборот на градоначалници, при што потенцираше дека тие како коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предлагаат истите да се бираат само во едн круг, при што би се пречиле злоупотребите и притисоците врз граѓаните, кои вообичаено се прават меѓу првиот и вториот круг