5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Димовски: Власта ја премолчува катастрофалната состојба на росоманските овоштари,

Росоманските овоштари, особено производителите на праски деновиве ја трпат најголемата штета која до сега се случила.
Заради екстрмно ниските температури кај безмалку сите плантажи на праски во регионото констатирано е 100 процентно оштетување на цветот. Тоа значи дека оваа година нема да има ниту минимално производство на овошје во овој регион.
Власта и најповиканите државни институции, како по обичај, катастрофалната состојба ја премолчуваат. Доколку за неа не се зборува не значи дека неа и ја нема. Најповиканите и најодговорни лица наместо да излезат на терен и заедно со овоштарите направат увид во состојбата, одбрале да не превземаат ништо.
Помош за росоманските овоштари мора да има, стои во Фејсбук статусот на Љупчо Димовски.

Во услови на распространета здравствена криза и последиците од неа врз стопанството и економијата, кои ги засегаат и земјоделците, недостасуваше да се случи и оваа штета, која веројатно има и посериозни оштетувања на самите овошни стебла.
Затоа мора да се превземат итни чекори за конкретна и директна помош на овоштарите со финансиска поддршка и дополнителни мерки, пишува тој.

➡️ Прво што е потребно да се стори е донесување Одлука за покривање на производните трошоци по килограм за секој земјоделски производител.

Базата на податоци во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој располага со информации за секој земјоделец, за вкупната земјоделска површина која се обработува, за бројот на овошните стебла, за сортата и податок за просечниот род за секое стебло изразен во килограми.
Од страна на стручни лица потребно е да се пресмета просечната производна цена по килограм за секоја сорта на овошје. Врз основа на пресметаниот просечнен род во изминатите три години за секој земјоделски производител потребно е да се предвидат финансиски средства по основ на обештетување и покривање на производните трошоци.
➡️ Втората мерка е ослободување на овоштарите од обврската за плаќање на водниот надоместок за нводнување на земјоделското земјиште на кое се наоѓаат овошните насади.
➡️ Третата мерка е осолободување на земјоделските производители од обврската за плаќање на закупнината за користење на државното земјоделско земјиште под закуп.
Државата овие финансиски средства може и мора да ги обезбеди од посебните фондови наменети за обештетување на земјоделските производители од штети предизвикани од вонредни и неповолни временски прилики.
Доколку владата има желба и доколку навистина сака да излезе во пресрет на потребите на овоштарите и првично да ја санира претрпената штета, тогаш овие мерки е потребно безусловно да се исполнат, пишува Димовски во неговата Фејсбук објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.