5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Димовски: Власта четири години не разбра дека во Собранието има и опозиција, креаторот на проблемите во државата е Владата

Жалам што власта веќе четири години не разбра дека во Собранието има и опозиција која што мора да биде вклучена во процесите. Знаете носење на закони како овој закон за попис и други закони кои што се во процедура во Собранието без прифаќање на никакви амандмани од опозицијата или без консултација уште во периодот на подготовка на законите ќе го предизвикува ваквите ситуации“, појасни Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.

Димовски додаде дека ова што се гледа е некој вид на соочување со реалноста, дека власта мора да разговара со другите 58 пратеници.

„Во моментов Македонија посебно се наоѓа во тешка ситуација, значи посебно треба да се зборува за здравствената криза која што ха имаме, вакцините, короната, огромните бројки на заболени. Дури и забораваме да ја гледам и економската ситуација која што допрва ќе стане попроблематична и потрауматична. И мислам дека државата мора да најде начин, иако Владата си тера некоја своеволна политика, државата ќе мора да најде начин да вклучи што е можно повеќе луѓе во концепирање на решенија, во наоѓање на иде заради тоа што патеката по која што се движиме не не води на добар правец поради оваа Влада“, рече Димовски.

Димовски посочи дека потребен е дијалог помеѓу власта и опозицијата. Дијалог немаше поради власта која своеволно си тераше своја политика која што наштетуваше на државата.

„Собранието не е клучот на проблемите, Собранието не е креаторот на проблемите, таму е само последицата од начинот на кој што владее оваа Влада“, нагласи Димовски.