Димовски: Заев, Османи и Мојсоски прават притисок на ФФМ за името, спротивно на правилата на ФИФА и УЕФА

Фудбалската Федерација на Македонија нема никаква обврска да го промени своето име, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

„Според Преспанскиот договор (член 1, став 3, точка ѓ) приватните ентитети и актери (каква што е ФФМ) теба да исполнат бар еден од следниве услови за да имаат обврска да го сменат името на, во конкретниот случај, федерацијата.

1. Да се поврзани со државата и јавните ентитети;

2. Да се основани со закон;

3. Да добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата.

Па да видиме:

1. Не. ФФМ не е поврзана со државата и јавните ентитети… Напротив, одлуките и на ФИФА и на УЕФА се дека фудбалските федерации не смеат да бидат поврзани со државата.

2. Не. ФФМ не е основана со закон.

3. НЕ! ФФМ НЕ ДОБИВА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА АКТИВНОСТИ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА… Средствата што ги добива ФФМ се користат само за активности дома, и тоа не на ФФМ, туку на клубовите…

Притисокот кој го прави Владата (Зоран Заев, Бујар Османи, Наумче Мојсоски…) е спротивен на правилата на работа на ФИФА и УЕФА…

ФФМ може да го пријави овој притисок, кој ако продолжи може да резултира и со дисквалификација на македонскиот фудбал од било какви меѓународни натпреварувања…

Фудбалската репрезентација на Македонија беше еден редок елемент на кој се обединивме сите…

Не чепкајте го името на федерацијата и на репрезентацијата…

Ќе се поделиме како нација и за тоа…

ФФМ има правни аргументи да се бори во оваа битка“, напиша Димовски на Фејсбук.