Динамо во ултраофанзива за враќање на Адеми!

Динамо претрпе доста промени на стартот на оваа натпреварувачка сезона и веќе направи тренерска смена по елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампионите, бидејќи во период од неполни неколку часа, „модрите“ го отпушта Бишчан, а подоцна го ангажираа Јакировиќ.

Сергеј Јакировиќ веќе доживеа промоција на „Максимир“ и вети максимално залагање за да ги исполни очекувањата на хрватскиот шампион, кој откако загуби неколку важни играчи, сега има пеколен план до крајот на летото.

„Јутарњи лист“ ова попладне излезе со интересна ексклузива и истата стана ударна вест во Хрватска, бидејќи упрвата на клубот решила да отвори една мисија која ќе ги израдува сите навивачи на Динамо.

Новиот тренер дал зелено светло за враќање на Аријан Адеми во првиот тим на Динамо, па во веста на „Јутарњи“ се потенцира дека сите во клубот се подготвени да го урнат „Кинескиот ѕид“ и да го вратат Аки онаму кадешто припаѓа.

Адеми пред неполна година направи трансфер во Кина и клубот ја повлече „5-та“ која ја носеше на грбот, но сите сите посакуваат негово враќање и веќе биле остварени лични контакти со познатиот македонски репрезентативец.

„Јутарњи“ информира дека преговорите се во почетна фаза, но оптимистички е тоа што двете страни гледаат со добри очи на сензационално враќање на „Максимир“, кое секако би донело голем плус за тимот кој доста турбулентно стартуваше во новата натпреварувачка сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.