Дино Раџа во одбрана на Ѓоковиќ: Само натпреварувајте се кој повеќе ќе го посере

Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раџа застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по бројните критики кои беа упатени кон првиот тенисер во светот поради организацијата на „Адриа тур“.

„Неверојатна е количината ср**а по Новак овие денови. Луѓето се натпреваруваат кој повеќе ќе го п**ере. Човекот направи се да ни помогне на нас Хрватите да се промовираме и да се обидеме да спасиме барем дел од сезоната. Дали беше грешка, секако дека да. Но, прво виновни се Димитров и организацијата, па потоа сите натпреварувачи. За споредба погледнете ги кафулињата и ноќните клубови за викендите, натпреварите, јавниот превоз. Се е полно со луѓе, никој не носи маски ниту се држи дистанца. Али секако никој не може да с**е по Анте и Мате. Туку удрете сите по Новак“, напиша Раџа.