Дипломати на НАТО сакаат да ја вратат Русија во договорот за нуклеарното вооружување

Амбасадорите на земјите членки во НАТО се среќааваат во петокот со високиот руски воен претставник во обидот да ја одоброволат Русија да се врати во рамките на договорот за стратешкото вооружување од 1987 година, неколку дена откако Москва објави дека престанува да се придржува до одредбите од договорот, како реакција на најавите од САД дека ќе истапат од овој договор обвинувајќи ја руската страна за негово непочитување.

Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), им забранува на САД и на Русија производство и поседување ракети кои се лансираат од земјатата, како и лансирни рампи, кои се способни да носат нуклеарни боеви глави со дострел од 500 до 5.500 километри. Станува збор за договор кој во прв ред беше основа на европската безбедносна архитектура последните три децении.

САД, кој ја има поддршката на сојуниците во НАТО, ја обвинува Русија дека го прекршила договорот со развивање на својот ракетен систем 9М729, според класификацијата на Алијансата познат како SSC-8. Вашингтон ѝ постави услов на Москва до 2-ри август да се врати во рамките на договорот, и се закани дека во спротивно ќе се повлече од договорот.

Русија, пак, наведе дека од јуни 2017 година американската воено-индустриска корпорација „Raytheon“, во градот Тусон во сојузната држава Аризона, започнала програма за проширување и модернизација на производствените капацитети за изработка на проектили со среден и кус дострел. Во текот на изминатите две години, областа на која се простира споменатата фабрика е зголемена за 44 отсто, од 55 на 79 илјади квадратни метри, а бројот на вработените на речиси две илјади, се вели во извештајот подготвен за медиумите на брифингот на руското министерство за одбрана. Покрај тоа, како што обвинува официјална Москва, во ноември 2017 година, речиси истовремено со почетокот на проширувањето на капацитетит на фабриката во Тусон, американскиот Конгрес ја доделил првата транша од 58 милиони долари на Пентагон, директно наведувајќи „За развој на копнена ракета со среден дострел“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, минатата седмица изјави дека Русија „сѐ уште има шанси до го спаси“ договорот INF. Во меѓувреме, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се согласија упатат „умерен и дефанзивен“ одговор, доколку Москва остана на кршењето на договорот. Русија повторно ги одби американските обвинвуања и наеде во одговорот на нив дека и таа ќе се повлече од договорот. Во средата рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша законот со кој официјално го суспендираше руското придржување на одредбите на договорот.

Состанокот кој треба да се случи подоцна во петокот, ќе ја отвори и темата за развојот на настаните во Украина и транспарентноста на воените вежби, со цел да се намали ризикот од инциденти, најави генералниот секретар Столтенберг. Русија, според најавите, ќе ја претставува нејзиниот највисоко рангиран дипломат во НАТО, Јуриј Горлач, а станува збор за втор ваков состанок годинава.