Дипломатот Филипов ќе се пријави на огласот на СДСМ за кандидат за претседател на државата

Дипломатот Ѓорѓи Филипов соопшти дека денеска ќе се пријави на огласот на СДСМ за избор на кандидат за претседател на Македонија на конкурсот на СДСМ.

Почитувани новинари и медиумски куќи, јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, на 11 февруари 2019 година, понеделник, ќе поднесам пријава за кандидат за претседател на Република Македонија на отворениот повик за претседателските избори за 2019 година на СДСМ, соопшти Филипов и најави дека денеска ќе одржи и конференција за медиумите.

Филипов е доктор по технички науки, а дипломирал на Мапинскиот факултет на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1981 година. Тој беше амбасадор на Македонија во Германија, Австрија, Јапонија и Словачка.

СДСМ одлуката за нивен кандидат за претседателските избори ќе ја донесе на 3 март.