Директорите на Интер незадоволни од однесувањето на Чалханоглу

Хакан Чалханоглу зад себе има една сезона во дресот на Интер, но неговите потези надвор од теренот постојано ги иритираат директорите на клубот.

Турскиот репрезентативец се пофали со видео на Инстаграм на кое се гледа како скока во вода од покрив на јахтата која ја користел на одморот, а овој потег не му донел симпатии кај работодавецот.

Во Интер сметаат дека Чалханоглу не се однесува професионално и ризикува повреди, па ќе биде посебно следен за време на подготовките.

Играчот за врска морал да се дообјаснува со претпоставените и минатиот месец, кога во едно интервју за турски медиум решил индиректно да го критикува тренерот Симоне Инѕаги.

Интер во таа ситуација не објави дали фудбалерот е парично казнет, но неговите потези сигурно го ставаат во фокусот на одговорните во клубот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.