Директорка добила отказ бидејќи за родителите скулптурата на Давид била порнографија

Директорката на славниот италијански музеј во кој е изложена уште попознатата скулптура Давид на Микеланџело ги критикуваше „настраните умови“ кои голотијата на поистоветуваат со порнографија, откако директорка на едно училиште доби отказ откако на улениците на час по ликовно образование им прикажала фотографија од делото на славниот ренесансен уметник.

Сесил Холберг, директорка на фиорентинската Академска галерија, изјави дека тој потег ја покажува „големата неукост“ за историјата на уметноста и дека е продукти на „непримерен пуританизам“.

Хопе Карасквиља директорка на основно училиште во Талахаси, на Флорида, минатата седмица останала без работа по поплаките дека на одделени од 11 и 12-годишници им покажала фотографија од мермерната скулптура на голиот Давид. Еден од родителите наводно се жалеле дека фотографијата е порнографска.

„Ова навистина е налудничаво. Зборуваме за иконата на ренесансата, за Давид на Микеланџело“, изјавила Холберг во телефонски разговор за агенцијата AFP истакнувајќи дека оваа скулптура е предмет на восхитување поради нејзината убавина и „чистота“.

„Мора да имате настран ум за голотијата да ја споредување со она што е сугерирано, бидејќи голема е разликата меѓу голотијата и порнографијата“, додава Холберг.

Притоа таа не крие дека е зачудена од „големото незнаење“ за историјата воопшто и за историјата на уметноста, што „повеќе од сѐ е многу тажно“. „Сите оние коишто ги вознемирува оваа склуптура имаат проблеми со корените на западната култура“, констатира притоа Холберг.

Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела, целата оваа работа во Соединетите држави ја нарекува „едноставно бесмислена“.

Давид на Микеланџело, издлабен од еден блок мермер меѓу 1501 и 1504 година, го прикажува јунакот на митската борба против Голијат и е еден од симболите на италијанската и светската ренесанса.

Барни Бишоп, претседателот на училишниот одбор во споменатото американско училиште, тврди дека таму не се обидуваат да забранат прикажување слики и скулптури, и дека тие се користат на часовите за ликовна уметност, но дека оваа година спротивно на претходните родителите не биле однапред известени за материјалите коишто ќе бидат користени. Поради тоа, како што вели, биле и поплаките.

„Ние сметаме дека скулптурата е убава, но родителските права на Флорида мора да се почитуваат, па така и во нашето училиште“, изјавил Бишоп.

Станува збор за училиште чиишто основачи се учителите и родителите од локалната заедница. Финансирана е со јавни средства, но е независна.

„Ме жалости тоа што моето време во училиштето заврши на тој начин“, изјавила Карасквиља.

Американската сојузна држава Флорида, предводена од конзервативниот републиканец Рон Десантис, инаку, силно ги поттикнува правата на родители кога станува збор за образованието на децата. Но тоа главно се однесува во поглед на концептуалистичкиот тип и контрола на промовирањето на неолибертаријанските идеи во образованието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.