Директорка од соседството во училиште си донела машини за копање криптовалути – си вработила и лице само за тоа (ФОТО)

Директорката на ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Стапар, Ј.М. (50) е уапсена под сомнение дека организирала „копање“ на криптовалути со поставување на т.н. „риги“ за „копање“, дознава „Блиц“.

Дополнително, како што не официјално дознава српски „Блиц“, таа вработила едно лице во училиштето да се занимава исклучиво со тие задачи.

Во големата акција на Службата за справување против организиран криминал и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Ј.М. е уапсена заедно со 34 лица од територијата на градовите Сомбор, Нови Сад и општините Бачка Паланка и Апатин, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела.

Тие се товарат за здружување за извршување на кривични дела, неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа и електронска база на податоци.

Засега не се знае дали сите соработувале меѓу себе, бидејќи дел од уа псените се осомничени дека измамиле луѓе продавајќи им „наместени резултати“ преку социјалните мрежи.

Она што неофицијално го дознава „Блиц“ е дека Ј.М. имала поставени ,,ригови“ за „минирање“ на повеќе локации во градот и дека постои причина да се сомнева дека за неа работеле повеќе луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.