Директорот на болницата во Струмица бара милостина за да купи амбулантно возило

На Фејсбук се споделува статус на директорот на струмичката болница кој моли сограѓаните, кој колку може, од срце да донира за да може да купи амбулантно возило. Овој статус е можеби најжалниот во кој се моли за здравје. Во оваа понизност на која е изложен директорот на Заев и Филипче се содржи трагедијата на целиот здравствен систем во Македонија. Ова не е лична трагедија, туку трагедија на една цела нација.

Директорот на Струмичката болница Наке Гогов во статусот моли за донации за купување амбулантно возило. Болницата во градот на Заеви, не е во можност да им излезе во пресрет на сите на кои им е потребна итна медициска помош бидејќи, како што пишува Гогов, транспортот на пациенти е неколупати зголемен, а болничките возила се застарени и често се расипуваат.

Гогов моли кој колку може да даде, односно да уплати на жиро-сметка.

Често се пишува за возниот парк на Заеви, апсолутните господари на Струмица, а и тие самите не се стегаат да го покажат. Само еден мотор за забава во ергелата на премиерот вреди повеќе од 30.000 евра.

Исто така, не треба да се заборави дека Заев ветуваше дека ќе го продаде владиниот мерцедес и со парите ќе купи амбулантни возила. Наместо ветувањето, мерцедесот се користи, а негова Струмица моли.

Македонското здравство во последните четири години живее од донации, без сериозни инвестиции од владата.