Директорот на ДЗС: Политиката интервенираше да нема графа етничка припадност

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски при гостувањето во телевизијата 1ТВ, објасни како политиката интервенирала за да нема графа за етничка припадност.

Се обидовме да направиме повеќе измени во оваа насока да ја тргнеме политиката од пописот. Од една страна, а од друга страна и да овозможиме поголем квалитет на податоци кои што и онака би ги собрале кога би имале нормален попис како што  не сме имале досега. Во принцип три работи се битни кои што ги менуваме со овој попис, појасни Апостол Симовски директор на ДЗС при гостување на емисија на 1ТВ.

Директорот на ДЗС призна дека поради одредени политики е тргната графата за етничка припадност, иако имаше бурни реакции од граѓаните на Република Македонија откако дознаа за овој скандал. Сепак и по бранувањата на јавноста и негодувањето, пописот во 2020 година ќе се изврши графата за етничка и религиозна припадност.

Симовски образложи дека првата работа која што е битна е да овој попис биде навистина професионален и да го спроведува статистичка институција. Втората работа е голема измена е методот кој што ќе го користиме за спроведување на овој попис, досегашниот традиционален метод  го заменуваме со т.н. комбиниран метод, кој подразбира истовремено традиционално попишување и користење на бази на податоци. Третата работа која што е предлог е овој попис да не вклучува етнички прашања односно прашањата за етничка припадност и прашањата за религиозна припадност.

Јас би бил многу среќен кога би можело да се вклучи и овој белег во пописот меѓутоа во некои понормални околности. За жал полето на интервенција на политиката во пописот беше токму ова прашање, посочи Симовски.