Директорот на „Moderna“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на американската фармацевтска компанија „Moderna Inc“, Стефан Бансел, смета дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши по една година, имајќи предвид дека производството на вакцините осигурува глобални резерви.

„Ако го погледенете ширењето на на производствените капацитети во индустријата во текот на послените шест месеци, до средината на следната година би требало да бидат достапни доволно дози секој на овој свет да може да се вакцинира. Бустерите, исто така, би требало да бидат можни до потребната мера“, вели Бансел во интервјуто за швајцарскиот дневен весник Neue Zuercher Zeitung.

Вакцинирањето наскоро ќе биде возможно дури и за новороденчињата, навестува првиот човек и сопственик на „Moderna Inc“.

„Оние коишто не се вакцинираа, ќе бидат имунизирани прироно, бдејќи дела варијантата е многу заразна. Во овој случај ќе завршиме со стацијата којашто е слична на ситуацијата на грип. Или можете да се вакцинирате и да имате добра зима. Или да не се вакцинирате и да ризикувате да се разболете и можеби да завршите и во болница“, порачува Бансел.

На прашањето дали тоа значи враќање во нормалата во втората половина од годината, францускиот милијардер вели „Од денеска, за една година, претпосавувам“.

Бансел вели дека очекува владите да ги одобрат дополнителните „бустер“ дози од вакцините против коронавирусот за луѓето кои веќе се вакцинирни, бидејќи на ризичните пациенти кои се вакцинирани минатата зима „недвосмислено им е потребно освежување“.

Бустер вакцината на „Moderna Inc“ има половина од оригиналната доза на вакцината, што значи дека ќе биде повеќе достапна.

„Волуменот на вакцината е најголемиот фактор на ограничувањето. Со половина доза, би имале три милијарди дози достапни ширум светот за претстојната година наместо само две милијарди“, вели Бансел.

Составот на бустер дозата останува ист како и кај оригиналната вакцина за оваа година, бидејќи „Moderna Inc“ немала доволно време да го измени.

„Во моментов тестираме вакцини оптимизирани за делта варијантата во клинички тестирања, Тоа ќе ја сочинува базата на бустер вакцините за 2022 година. Исто така, ја испробуваме ‘делта плус бета’, следната мутација за којашто научниците веруваат дека е можна“, вели челникот на „Moderna Inc“.

Бансел додава дека компанијата може да ги користи постојните производни линии за новите варијант, како и за оригиналната вакцина против Covid-19. Цената на вакцината ќе остане иста, уверува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.