Директорот на струмичаката болница под притисок моли граѓаните да не донираат пари за амбулантно возило

Денеска на Фејсбук директорот на струмичката болница Наке Гогов сподели статус со кој моли сограѓаните, кој колку може, од срце да донира за да може да купи амбулантно возило. Но, ваквата идеја на директорот на многумина не им се допадна, првите луѓе на СДСМ предводени од премиерот Зоран Заев и министерот за здавство Венко Филипче, па директорот се огласи со нов статус.

„После сите негативни коментари го повлекувам статусот и упатувам апел да не се донира“, напиша Гогов.

Очигледно негативните коментари не пресудиле за ваквата одлука на директорот на струмичката болница, туку големиот политички притисок од најгоре по рекацијата на месиумите до каде стигната работата.

Директорот Гогов замоли за донации за купување амбулантно возило затоа што не бил во можност да им излезе во пресрет на сите на кои им е потребна итна медициска помош, бидејќи транспортот на пациенти бил неколупати зголемен, а болничките возила  застарени и често се расипувале.