Директорот на СЗО на пат кон Кина поради ширењето на новиот коронавирус

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданон Гебрејесус, изјави денеска дека е на пат кон Пекинг да разговара со кинеските власти и здравствените експерти за епидемијата на коронавирусот.

Гебрејесус на својот профил на Твитер изјави дека сака да го зајакне партнерството со Кина во обезбедувањето на понатамошна заштита од ширење на епидемија.

Кинеските власти соопштија дека 2.051 лица биле заразени со коронавирус, додека 56 починале.з

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.