Директорот на „Водовод“ на Косово, близок до Курти, упапсен во Бугарија за трговија со луѓе

Директорот на Водовод „Ѓаковица“ Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија по потерница на Интерпол, потврдија од Министерството за надворешни работи на Косово.

Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија, врз основа на меѓународна потерница распишана од италијанската полиција поради сомнение за трговија со луѓе,

Апсењето е извршено на 19 февруари 2024 година, пишува онлајн весникот Reporteri.net.

Бугарските власти го фатиле при влегувањето во Бугарија, каде сакал да оди на одмор со семејството, но бил на меѓународна потерница од Италија поради трговија со луѓе.