Директорот на затворот во Битола позитивен на Ковид-19

Директорот на Битолскиот затвор Драган Крајовски е позитивен на корона вирус, потврдуваат за „Плусинфо“ од Управата за извршување санкции. Крајовски вчера го добил тестот, се чувствувал добро и веќе е во самоизолација.

Од Управата за извршување санкции велат дека освен директорот, никој од вработените во затворот во Битола не е заразен, бидејќи ги почитувале протоколите за заштита од вирусот. Со затворот сега директорува заменикот на Крајовски.

„Тоа што директорот е позитивен на Ковид-19 не претставува никаква опасност за осудениците, бидејќи тој немал контакти со нив. Состојбата во затворот е под контрола. Заврши реновирањето на затворот, но сѐ уште немаме добиено дозвола за употреба. Осудениците не се во затворот, туку во отвореното одделение, надвор од затворот“, велат од Управата за извршување санкции.