Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие „Комунална хигиена“

Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите, се вели во синоќешното соопштение од властите на главниот град.

„И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност“, се наведува во соопштението од кабинетот на скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со обвинувањата дека неговиот брат било лицето кое вперило пиштол во средата вечерта кон учесниците на протестот во врска со ткн „француски предлог“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.