Дисингер и официјално нов лев бек на „Вардар“

Ракометниот репрезентативецот на Германија, Кристијан Дисингер (26) е нов член на „Вардар“ со кого  потпиша двегодишен договор. Дисингер го раскина договорот со „Кил“ и допатува во Скопје.

Германецот висок 203 игра на позицијата лев бек и со своето искуство во Бундеслигата сигурно ќе донесе нова свежина во играта на „Вардар“. Тој е седмото засилување за нашата екипа сезонава.

Пред неколку денови Дисингер го раскина договорот со „Кил“ каде настапуваше последните сезони. Како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски првак, а го освои и бронзениот медал на Летните олимписки игри во 2016 година. Со младинскиот тим на Германија го освои златниот медал на младинското СП 2011 година.

За екипата на „Кил“ има одиграно 130 натпревари и постигнато 235 гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.