Дискотеките во парк викендов „тресени“ од инспекции, добиле драконски казни

Зголемени инспекциски контроли викендов ги посетиле ноќните клубови во скопскиот Градски парк. Сопствениците се жалат дека невообичаено  им биле изречени високи казни, а сето тоа неофицијално го поврзуваат со наводен рекет од лица на новата владејачка структура во земјава.

Дали повторно се враќа приказната на сцена кога СДСМ во претходното нејзино владеење, држеше под контрола дискотеки и ноќни барови, бидејќи, неспорно е дека станува збор за доходовен бизнис.

Една од првите активности, исто така, коишто ги презема власта на социјалдемократите кога минатиот пат во 2002 година дојдоа на власт, повторно беше услужниот сектор, кога го ограничија работењето на локалите и ги заострија контролите за вработените во нив.

И тогаш, во услови на рекордна невработеност, беше нејасно зошто левоориентирана власт се насочува кон дејност којашто вообичаено, и на светско ниво, значи пополнување на социјално истрошените семејни буџети и главно е врзана сезонски кога младите луѓе се обидуваат да заработат некој денар повеќе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.