„Disney“ ги урна рекордите на кино-благајните за 2019-та

На крајот од 2019 година филмската компанија „Disney“ заработила 11,1 милијрди американски долари на кино-благајните ширум светот со што постави нов рекорд, пренесува порталот Deadline.

Вкупните заработки на Disney и на Fox достигнале 13,1 милијарди долари, од кои 4,3 милијарди на домашниот и 8,8 милијарди долари на странските пазари.

Експертите сметаат дека е малку веројатно во скора иднина да бидат повторени ваквите високи изведби на студијата, особено што тие се поврзани со успесите на шест филма.

Станува збор за „Одмазници: Финале“, „Капетан Марвел“, „Историја на играчките 4“, „Кралот Лав“, „Аладин“ и „Студено срце 2“, а секој од нив донел заработка од над милијарда долари. Што се однесува до деветтата и последна епизода од „Ѕвездени војни“, се претпоставува дека тој ќе им се придружи во текот на 2020 година.

„Disney“ постигна вакви резултати првпат во целата историја на филмската индустрија. Претходниот рекорд исто така го постигна ова студио, во 2016 година и изнесуваше 7,6 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.