„Дистрибуција на топлина“ најавува тужба за клевета против БЕГ

„Веднаш ќе понесеме тужба за клевета против БЕГ за изнесување на невистини во денешното соопштение“, реагираат со соопштение-демант „Дистрибуција на топлина“ ДООЕЛ, откако БЕГ денеска информира дека во октомври лани поднела тужба да „Топлификација“ и нејзината фирма ќерка „Дистрибуција“ бидејќи не го почитувале Договорот од 2000 година.

Од „Дистрибуција на тоиплина“ најавуваа дека за оваа клевета ќе бараат сериозна финансиска штета.

Од БЕГ се изнесени невистини со цел да се амортизира ефектот од кривичните пријави против „Дистрибуција на топлина БЕГ ДООЕЛ и ТЕ-ТО АД , поднесени од МВР и Управата за финансиска полиција. Имено за да биде точна информацијата што ја пласира БЕГ, треба ниедна државна институција надлежна за дистрибутивната мрежа во изминатите 15 години да не работела ништо.

„Топлификација АД извршуваше регулирани дејности за производство, дистрибуција снабдување со топлинска енергија. Во периодот до 2003 година министерството за економија го контролираше работењето на Топлификација АД и извршувањето на сите финансиски активности бидејќи тоа министерство беше надлежно за определување на цената која ја плаќаа крајните корисници на топлинска енергија. Неизвршувањето на било каква финансиска обврска која е предвидена со цената на топлинската енергија сигурно ќе била санкционирана од надлежната институција за формирање на цената. По 2003 година функцијата на контрола и определување на цената на топлинската енергија ја презеде Регулаторната комисија за енергетика. Од тој период контролата на извршувањето на предвидените финансиски обврски на носителите на регулирани дејности помина во надлежност на оваа институција. При определувањето на цената на топлинската енергија која во еден период се правеше два пати годишно, а потоа еднаш годишно, основен елемент на контролата се остварените финансиски резултати и исполнувањето на финансиските обврски на носителот на лиценца во контролираниот период“, објаснуваат од „Дистрибуција“.

…Во сите ревизорски извештаи на Топлификација АД во периодот 1999 до 2012 година нема никаква забелешка од ревизорите дека Топлификација АД има било каква неизвршена финансиска обврска во врска со потпишани договори. Супер котирана компанија мора да имплементиран Quality Management System (QMS) кој подразбира секоја активност во фирмата да биде организирана и контролирана согласно строго дефинирани процедури.

„Согласно QMS секоја активност во фирмата мора да се одвива согласно точно дефинирана процедура и да се контролира согласно точно дефинирана постапка. На така дефинираниот систем за извршување на задачите и на контрола на извршувањето на задачите мора да се придржува секој вработен во фирмата.Сертификацијата за работа на QMS во текот на 2002 година се реализираше со Lloyd’s Registers, една од најавторитетните фирми во светот во оваа област. Во 2006 година се направи и ресертификација на QMS. Како и сите други активности во фирмата и извршувањето на договорот за користење на мрежата задолжените вработени мораа да го извршуваат и да бидат контролирани согласно дефинираните процедури на QMS“, се вели во реакцијата на „Дистрибуција на топлина“.