ДИТ: Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на ширење на коронавирусот

Државниот инспекторат за труд апелира граѓаните да ги пријавуваат сите евентуални непочитувања на мерките за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот на нивните работни места. Преставките и пријавите велат од Инспекторатот ќе останат анонимни, а по нив веднаш ќе се постапи. Од Државниот инспекторат за труд најавуваат и особено засилени контроли во производствените погони во кои работат поголем број работници.

Секоја претставка ќе биде анонимна нема да излеземе да кажеме кој пријавил. Граѓаните да не се плашат да пријават. Ние ќе постапуваме веднаш по сите пријави, а тие ќе останат анонимни, рече на денешната прес-конференција директорот на Државниот инспекторат за труд ,Аљадин Хавзиу.

Појасни дека граѓаните за нерегуларностите или непочитување на мерките можат да пријават преку веб страницата на Државниот инспекторат за труд или преку кол-центарот. Има дежурни лица кои ги примаат повиците и во зависност од регионот на кој се однесува претставката се информираат подрачните единици за постапување.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со жалби на граѓани од фабрика во Кичево, дека не се почитуваат мерките за заштита и превенција, тој рече дека Државниот инспекторат досега пет пати извршил инспекција и оти одговорните изјавиле дека ќе нарачаат 50 илјади заштити маски. Со оглед на тоа што, поплаките за истака компанија се повторуваат, рече тој, ќе продолжат коинтинуирани секојдневни инспекциски надзори во различни делови од денот за да се утврдат фактите и оти ако се утврди дека не се применуваат препораките од владата таа компанија ќе биде санкционирана.

Во врска со полаките на граѓаните дека не им се дозволува користење мерка за отсуство од работа за дете до 10 години, Хавзиу истакна дека досега до Инспекторатот пристигнале околу 500 жалби по овој основ.

–Работникот ако има соодветна документација треба само да го извести работодавачот дека ги има потребните документи. Тука завршува нивата работа. Ако има жалби и поплаки тука сме ние да постапуваме и во работни но и во денови од викенд, рече директорот на ДИТ:

Од 19 до 22 март, како што беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет што се одржа во Владата, од Државниот инспекторат за труд биле реализирани вкупно 463 контроли, при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле согласно владините мерки.