„Дива мисла“- нов роман од Владимир Костов

398

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат романот „Дива мисла“ од Владимир Костов, познат македонски писател, кој веќе пет децении повлечен во својот работен кабинет во Битола создава епски дела, со богати содржински пораки.

„Како голем прозен мајстор во новото дело писателот не води низ сложените лавиринти на тематскиот милје, во кое носечка улога има семејството Кужуварови. Низ широкиот спектар на настани, на човечки идеали и заблуди како на филмско платно ја публикува сликата за живеачката во еден затворен круг, во кој главна цел е потрагата по материјалното богатство. Неговите херои се илузионисти, заблуденици и несреќници, егписти и самотници, кои не ја споделуваат радоста и среќата со средината во која живеат. Дури и во поглед на семејството, тие се ограничуваат во неговото проширување, со цел наследтвото да не се сподели со други луѓе“, констатира Раде Силјан во препораката на овој ретко возбудлив роман.

Владимир Костов е автор на осумнаесет романи, на единаесет книги со новели и раскази и на десет книги за деца и млади.

Добитник на значајни литературни и општествени признанија вп Република Македпнија. Негови дела се застапени во антологиски и панорамски избори од современата македонска проза објавени во нашата земја и во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.