Дивац, Стојаковиќ и Богдановиќ учествуваа на протестите за Џорџ Флојд во Калифорниј

олемите имиња од српската кошарка како Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ и Богдан Богдановиќ ги поддржаа мирните протести против расизмот и полициската бруталност што вчера се одржаа во Сакраменто.

Овој протест беше еден од бројните што се одржуваат ширум САД, по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страната полициските служби во Минеаполис.

Во делегацијата на кошаркарскиот клуб „Кингс“ од Сакраменто беа Дивац заедно со неговата сопруга Ана, Стојаковиќ и Богдановиќ. На протестот имаше околу 20 илјади души кои со прошетка низ главниот град на Калифорнија го искажат незадоволството од полициското самоволие.

Богдановиќ, и претходно на социјалните мрежи ги поддржа протестите кои се организираат под паролата „Црните животи вредат“.

„Така сум воспитан! Знам дека сум многу кратко време во оваа земја, но видов и научив многу, па можам да ја разберам разликата меѓу доброто и злото! Секогаш ќе бидам на страната на доброто“, напиша Богдановиќ на социјалните мрежи.

Делегацијата на „Кингс“ ја почна поворката пред нивната сала, а меѓу говорниците беше играчот Харисон Барнс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.