Дивата депонија кај Лепенец е голема колку 15 фудбалски игралишта (видео)

Град Скопје денес започна со расчистување на дивата депонија крај реката Лепенец, во општина Ѓорче Петров, која се лева во водите на Вардар.

Оваа стара дива депонија има големина колку 15 фудбалски игралишта.

„Со враќањето на Дрисла под градот се дава можност просторот кај депонијата да биде зазеленет и отворен за користење“, објави Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска требаше да одржи прес конференција кај депонијата во близина на Лепенец, но таа беше откажана поради лоши временски услови. „Пресот ќе се одржи во наредните денови“, информираа од Градот.